ВИДЕО | Омилената водителка на Александар Вучиќ повторно шокираше – погледнете каков момент ‘уловиле’ камерите: “Зарем ова е утринска или 18+ програма !?“
Контраверзната српска водителка, Јована Јеремиќ, направи две скандалозни „грешки“ во последното издание на утринската програма на ТВ Пинк за време на претходниот викенд.
Имено, првата „грешка“ била кога (не)случајно го покажала екранот од својот мобилен телефон, а со тоа открила страници за возрасни кои ги посетувала, додека втората грешка се случила додека во студиото имало соговорници, а таа се шетала низ студиото во мини-здолниште кое открило повеќе од тоа што треба.
Јована Јеремиќ застанала на страна и ги слушала гостите, облечена во розова комбинација и бело мини здолниште. Откако се доближила до соговорниците, се наведнала над масата да посегне по шише со вода, а камерата била веднаш зад неа. Белото здолниште на Јована Јеремиќ било прекратко и ја открила нејзината долна облека т.е. танга.
Фотографијата за многу кратко време стана вирална, а неупатените се чуделе што се случува.
„Чекај малку… Ова е утринска програма на национална фреквенција или 18+ програма ?“, биле само дел од коментарите кои биле оставени под видеото.