ВИДЕО | Официјален Киев тврди дека ова е моментот кога го погодиле моќниот рускиот воен брод: “Го нападнавме со 450 килограми ТНТ!“

Во петокот рано наутро Украина извести за напад со поморски дрон врз база на руската морнарица, при што беше оштетен руски воен брод во Црното Море. 

Фотографиите и видеата на социјалните мрежи покажаа дека бродот се навалува кон водата во близина на поморската база Новоросијск, иако Министерството за одбрана на Русија претходно тврдеше дека украинскиот напад бил успешно одбиен.

Украински извор за CNN изјавил дека поморски дрон со 450 килограми ТНТ го нападнал бродот, на кој наводно имало околу 100 руски војници.

Големиот амфибиски руски десантен брод ‘Оленогорск Горњак‘ беше погоден. Во нападот беше сериозно оштетен и повеќе не може да плови“, тврди украинскиот извор за CNN.

До CNN било испратено и обезбедено видео на кое се гледа како поморски дрон се приближува кон брод, што се чини дека одговара на идентитетот на еден подоцна виден во пристаништето Новоросијск.

Русија претходно тврдеше дека пресретнала два поморски беспилотни летала, а Министерството за одбрана на Русија објави дека дроновите биле визуелно откриени и уништени со оган од стандардното оружје на руските бродови кои го чуваат надворешниот брег на поморската база.