ВИДЕО | ПОГЛЕДНЕТЕ ГО РЕНОВИРАНИОТ И ГРАНДИОЗЕН “САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ“ – Зачекорете во старио-новиот дом на Реал Мадрид

Саботниот првенствен натпревар на Реал Мадрид на домашен терен против Гетафе претставува посебен момент за сите навивачи, поддржувачи на „Кралскиот клуб“. Имено, со овој натпревар заврши реставрацијата и проширувањето, односно беше отворен темелно реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“.

Проектот за реновирање траеше три години и чинеше 400 милиони евра. Стадионот доби подвижен покрив, огромни табли и терен кој може да се прилагоди за различни спортови, од фудбал, кошарка и тенис. Интересно е што можете дури и да играте кошарка и тенис во исто време. Опремен е и со видео екран од 360 степени. Создаден е импресивен систем кој го претвора стадионот на Реал Мадрид во архитектонски бисер.

Тревникот може автоматски да се превиткува и наредени вертикално во посебна комора сместена под површината на теренот, веднаш до најниското ниво на трибината. Тревникот во таа комора ги има сите потребни услови да остане во совршена состојба, од системи за аерација и наводнување до третман со ултравиолетови зраци.