ВИДЕО | Погледнете каков циркус гледаат Србите на телевизија – маж се појавил пред вратата на омилената водителка на Александар Вучиќ и тврдел: “Таа е моја сопруга!“

Омилената водителка на српската јавност, Јована Јеремиќ, која редовно му дава комплименти на претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, е позната по своите необични изјави кои привлекуваат внимание во Србија, но и во регионот. 

Овој пат Јована Јеремиќ го привлече вниманието на маж кој дошол пред нејзиното работно место, односно пред зградата на Пинк и објавил дека тој е нејзиниот сопруг.

Како што пишува Blic.rs, мажот на обезбедувањето на влезот во зградата им објаснил дека двајцата се во брак седум месеци, по што самата водителка излегла да разговара со неразумниот човек.

Господине, од кога јас и вие сме во врска ?“, му се обратила Јована Јеремиќ на споменатиот човек, кој тоа го објави на социјалните мрежи.

Само јас го можам ова! Маж дојде пред Пинк и тврди дека е мој сопруг! Хит приказна!“, изјавила Јована Јеремиќ, инаку водителка на утринската програма на споменатата српска телевизија.

Погледнете го видеото ОВДЕ.