ВИДЕО | Познат американски милијардер починал на сопствената роденденска прослава! Забавата за богаташите се претворила во пеколна трагедија – погледнете

Милијардерот кој вети дека Чикаго, град кој е зафатен со многу криминал ќе го направи најбезбедното место за живеење во САД, загина во трагична несреќа на тркачка патека во Колорадо.

Џејмс „Џим“ Краун во неделата го прославувал својот 70-ти роденден на приватна тркачка патека во Аспен кога неговиот автомобил ненадејно удрил во ограда.

Џејмс Краун учествуваше во сообраќајна несреќа на автопатот ‘Вуди Крик‘ што резултираше со фатални повреди“, соопштила Канцеларијата на шерифот на округот Питкин, објавија американските медиуми.

Главниот заменик судски доктор, Аудра Кит, соопштил дека причината за смртта ќе биде утврдена по обдукцијата на телото.

Бизнис магнатот беше извршен директор на компанијата која е сопственик на ски-центарот во Аспен.

Семејството е во длабока тага поради ненадејната смрт на Џејмс Краун во сообраќајна несреќа. Семејството бара да се почитува нивната приватност во овој тежок момент. Повеќе детали во врска со плановите за споменик во чест на извонредниот живот на Џим ќе бидат објавени подоцна“, изјави портпаролот на семејството за Aspen Times.

Семејството на тајкунот беше 34-то најбогато во САД според Forbs во 2020 година, со проценета нето вредност од 10,2 милијарди долари.

Милијардерот се најде на насловните страници на почетокот на овој месец, откако вети дека ќе го искористи своето национално влијание и ќе работи со други бизнисмени за борба против криминалот во неговиот роден град Чикаго. Како еден од најбогатите жители на градот, тој предводеше голем број организации.

Неговиот план беше да го намали бројот на убиства во Чикаго на помалку од 400 годишно во рок од пет години.