ВИДЕО | ПРИСТИГНА НОВИОТ КИЛИЈАН МБАПЕ – Помладиот брат на најголемата ѕвезда на ПСЖ дебитираше за првиот тим на само 16 години
Помладиот брат на Килијан Мбапе, 16-годишниот Итан Мбапе дебитираше за првиот тим на Париз Сен Жермен.
Во 17. коло ПСЖ го совлада Мец со резултат од 3:1, а тренерот Луис Енрике во финишот на натпреварот му даде шанса на Итан Мбапе.
Итан Мбапе дојде во Париз Сен Жермен пред шест години, помина низ јуниорските селекции на клубот и игра како бек и централен играч за врска. Редовен е во младинскиот тим на францускиот шампион и беше стартер на сите натпревари во Лигата на шампионите за младинци.
Инаку, на овој натпревар двоен стрелец беше Килијан Мбапе кој вчера го прослави својот 25 роденден.