ВИДЕО | РУСИЈА ПОВТОРНО НАПАДНАТА !? Одекнуваат силни експлозии, вклучени сирените, има ранети, а на Интернет се појавија грозоморни снимки
Звук на експлозија се слушнал во градот Таганрог во област на Ростов, објавиле жителите во градската група руската социјална мрежа VKontakte. Според нив, се вклучиле алармите на автомобилите и на поголемите маркети и здради, а експлозијата се слушнала и во центарот на градот, пренесуваат странските медиуми.
Потпаролот на прес-службата на гувернерот на Ростов, Ирина Четвертакова, изјавила за руските медиуми дека ги проверува информациите.
Погледнете ги видеата ОВДЕ.
Според првичните информации има четворица ранети.
Како што изјавил гувернерот на областа, Василиј Голубиев, се претпоставува дека станува збор за ракетна експлозија, а според неговите информации – жртви нема.
Оштетени се неколку возила, а искршени се стакла од околните згради, а на терен се пожарникари и брза помош.