ВИДЕО | “САКАВ САМО ДА ЈА ГУШНАМ!“ – Новак Ѓоковиќ открива емотивни детали од финалето на УС Опен: “Таа е мојот ангел чувар…“

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ откри дека неговата ќерка Тара му помогнала да ги преброди тешките моменти низ кои минувал за време на големото финале на УС Опен.

Новак Ѓоковиќ ја освои својата четврта титула на УС Опен, рекорден 24. Грен Слем во кариерата, откако во големото финале по три часа и 17 минути го совлада најдобриот руски тенисер Данил Медведев со 6:3, 7:6, 6:3.

Иако сам резултатот тоа не го кажува, Новак Новак Ѓоковиќ исклучително тешка работа против рускиот ривал, особено во вториот сет кој траеше дури еден час и 45 минути.

Новак Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ

Како гостин во утринската програма на една американска телевизија, српскиот ас откри дека во тешките моменти неговата наследничка Тара му давала дополнителна сила.

Луѓето ме прашуваа зошто не прославив по последниот поен, кога видов дека топката оди во мрежата по неговиот форхенд. Бев толку олеснет и благодарен што заврши. Првото нешто што го сакав откако разменивме неколку зборовите на мрежата беше да ја гушнам ќерка ми. Таа е мојот ангел чувар, таа е моето бебе, мојата душа, не знаев дека ќе седи таму и ќе се гледаме додека седев на клупата. Кога и да ми требаше охрабрување, таа беше таму, ќе се насмее… Ме ’стопи’. Беше стресно, особено вториот сет беше напнат и ми требаше нешто. Тогаш ја видов и таа само го канализираше ова божествено енергија преку мене“, открива Новак Ѓоковиќ.

Погледнете го емотивниот момент по победата на Новак Ѓоковиќ ОВДЕ.