ВИДЕО | СЕВАСТОПОЛ ВО ПЛАМЕН – Уништен штаб на руската Црноморска флота на Крим: “Ракетите летаа насекаде!“

Украинските сили наводно со ракети го нападнале седиштето на руската Црноморската флота во Севастопол на полуостровот Крим.

Гувернерот на регионот, Михаил Развозаев, на својот профил на социјалната мрежа Телеграм објави дека нападот се случил во петокот наутро.

Непријателите извршија ракетен напад врз штабот на флотата. Фрагментот паднал во близина на театарот“, се наведува во соопштението.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат зграда зафатена од чад, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.

На улиците на пристанишниот град на Крим владее паника, а над Севастопол се издигна густ црн чад.

Ракетите ни прелетаа над главите, а потоа се слушнаа силни експлозии“, изјавиле исплашените жители за тамошните медиуми.