ВИДЕО | “СЕГА ЌЕ СПИЈАМ ПОДОБРО“ – Хит коментар на Пеп Гвардиола за одлуката на Јирген Клоп да си замине од Ливерпул: “Секогаш имав кошмари од него“
Тренерот на Манчестер Сити, шпанскиот фудбалски стручњак Пеп Гвардиола ја коментираше одлуката на големиот ривал Јирген Клоп да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната.
Како бомба во петокот одекна веста дека германскиот стручњак Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.
Јирген Клоп пристигна на „Енфилд“ во 2015 година и го предводеше славниот клуб до најголемите успеси. Со Ливерпул, тој ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, Премиер лигата 2020 година, Светското првенство на ФИФА 2020 година, Суперкупот на УЕФА 2020 година, ФА Купот 2022, Лига купот 2022 и ФА Суперкупот 2023 година.
Оваа шокантна вест ја коментираше и тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
„Тој сега не сака да признае, но дефинитивно ќе се врати. Тоа го знам… Можеби за десет години, кога ќе ја врати енергијата, но јас ги познавам таквите луѓе и јас. Сигурен сум дека тој повторно ќе биде тренер. На фудбалот му требаат луѓе како него. Се надевам дека следната сезона ќе имаме време да одиме заедно на вечера“, изјави Пеп Гвардиола по победата на Манчестер Сити во ФА Купот против Тотенхем.
Шпанецот реши малку да се пошегува:
„Сега ќе спијам подобро. Секогаш имав кошмари пред натпреварите со Ливерпул“.
Тој истакна дека Јирген Клоп е најдобриот противник што го имал во тренерската кариера и дека има голема почит кон него.
„Оваа вест е шок за сите. Тој е најдобриот противник што сум го имал во мојата тренерска кариера. На Премиер лигата ќе и недостасува неговата харизма“, изјави Пеп Гвардиола.