ВИДЕО | СЕ ПРОДАВА ОМИЛЕНИОТ ЏИП НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА II – Се работи за специјално дизајниран модел, а цената се очекува да биде астрономска

Животот на британското кралско семејство со години го привлекува вниманието на целиот свет. Почнувајќи од внатрешните конфликти меѓу членовите, па се до неверојатните фустани кои често ги носат жените од ова семејство.

Вниманието на јавноста го привлече една необична појава во семејството, поточно автомобил. Сепак, тоа не е обичен автомобил. Станува збор за џип – Land Rover со уникатна историја, бидејќи го возела англиската кралица Елизабета II.

Овој џип е дизајниран од компанијата Special Vehicle Operations специјално за кралицата. Иако е модел од 2004 година, има модификации што не би ги очекувале кај стандардниот Land Rover.

Кралицата Елизабета, принцот Хари, Меган Маркл
кралицата Елизабета II во својот автомобил

Така, секоја задна врата има две копчиња за прозорци, така што патникот може да ги контролира сите прозорци во автомобилот без да се движи. Исто така, има рачки кои го олеснуваат влегувањето и излегувањето на патниците од автомобилот.

Автомобилот е обоен во зелена боја, а внатрешноста е во нијанса „Sand Hide“, додека седиштата се заштитени со тапацир, а багажникот е модифициран за кучиња, па од предниот дел е одвоен со кафез.

Автомобилот за првпат е регистриран во 2004 година во Велика Британија, редовно е сервисиран, а последен пат во јули. Има поминато околу 180.000 километри, а го придвижува 4,4-литарски мотор кој е доволен за моќност од 282 коњски сили.

Автомобилот ќе се продава на аукција од 11. ноември. А се очекува да биде продаден за неверојатна сума на пари, речиси астрономска, како што доликува на кралското семејство.