ВИДЕО | “СИТЕ СЕ ЗАПРЕПАСТЕНИ!“ – Оваа девојка со години оди боса поради бизарна причина, а сега на Интернет открива во каква состојба и се нејзините нозе – погледнете!
Ел Робертсон е планинарка и една ситуација ја натерала да донесе одлука која очигледно била правилна. Кога ги намокрила чевлите во еден голем поток, решила да не ги носи, а со оглед на тоа што оди многу и на нерамна земја, одела боса.
„Пред две години излегов на прошетка со дечко ми. И двајцата носевме чевли. По пат поминавме низ поток и моите стапала се намокриа. Го мразев чувството на влажни стапала и чорапи, па ги соблеков. Не можев да поверувам колку е лесно да се пешачи бос. Оттогаш ретко носам чевли“, рекла таа во едно од нејзините видеа што ги објавува на социјалните мрежи.
Инаку, таа има канал на платформата Јутјуб каде ја прикажува својата авантура, а откако ја донела таа одлука, тврди дека стапалата и се во одлична состојба, односно дека добиле цврста кожа и дека се чувствува добро. Смета дека е многу поопасно да се качува во патики или сандали, па затоа носи чевли само два пати годишно. „Сепак, понекогаш мора да носите чевли поради камењата“, признава таа.
Откако сфатила каков рај е ова за нејзините нозе, признава дека нема да купи друг пар на обувки.
„Луѓето не ја сакаат глетката на нивните стапала, не се навикнати на тоа, но не гледам причина зошто да не бидат без чевли; тоа не е голотија; не е сексуално“, вели таа и објаснува дека кожата на стапалата и е потврда од вообичаено.
Меѓутоа, луѓето во градот ја гледаат чудно и често мислат дека е бездомник или генерално валкана личност.
„Кога е ладно, носете обувки што се дизајнирани да се чувствувате како да не носите ништо“, вели таа која ги охрабрува другите да размислуваат и за одење боси – и да не ги следат општествените норми, туку сами да носат одлуки, пишува Daily Mail.