ВИДЕО | СКАНДАЛ ВО БЕЛГРАД! Пејачка од Србија била гаѓана со шишиња, навредувана и исфрлена од сцената затоа што ја поддржувала ЛГБТ+ популацијата – погледнете!

Младата пејачка Ема Радујко (19 г.) од Србија долго ќе го памети својот настап на фестивалската сцена Music Week во Белград. Имено, таа била гаѓана со шишиња, навредувана и исвиркана поради поддршка на ЛГБТ популацијата.

Таа се појавила во облека од „виножито“ додека на екранот зад неа било поставено знамето на ЛГБТ+ популацијата.

Момци, подобро е да купите цвеќе отколку да го фрлите ова“, рекла младата пејачка, покажувајќи кон предметите и ѓубрето натрупано на бината.

Чекај, да завршиме, сите ние сме супер, а вие правите што сакате“, додала таа, ја завршила песната и брзо се симнала од сцената.