ВИДЕО | СКАНДАЛ ВО ШПАНИЈА – На Џуд Белингам му се заканува суспензија: Можно ли е ова тој да му го направил на сонародник !?
За време на победата на Реал Мадрид од 2:0 на гости кај Гетафе, Џуд Белингам имаше интеракција што може да му донесе суспензија. Имено, по дуелот со Мејсон Гринвуд, Џуд Белингам наводно својот сонародник го нарекол силувач.
На видеото се гледа како Џуд Белингам му префрла нешто на Мејсон Гринвуд, но тешко е да се каже што точно му рекол. Ла Лига ќе се консултира со специјален читач на усни по што ќе проценат дали Џуд Белингам ќе биде казнет.
Daily Mail веќе контактирал со читателот на усни Џереми Фримен кој е 97% сигурен дека Џуд Белингам го нарекол Мејсон Гринвуд „силувач“. Сепак, за конечна потврда треба да се почека личноста која ќе биде ангажирана од Ла Лига за да утврди што точно кажал Џуд Белингам.
Мејсон Гринвуд е во Гетафе на позајмица од Манчестер Јунајтед, за кого не играше од инцидентот пред две години. Имено, тој беше обвинет за обид за силување, принуда и физичка повреда на неговата девојка. Инкриминирачки фотографии и аудио-снимки се проширија на социјалните мрежи, а Мејсон Гринвуд веднаш беше суспендиран од Манчестер Јунајтед.
Но, во февруари 2023 година, обвиненијата против Мејсон Гринвуд беа отфрлени откако клучниот сведок, имено неговата девојка, се повлече од случајот. Мејсон Гринвуд не беше вратен во Манчестер Јунајтед поради страв од реакција на јавноста и беше испратен на позајмица во Гетафе.
Со оглед на тоа што е тешко да се докаже што точно му кажач Џуд Белингам, голема е веројатноста дека ништо нема да излезе од овој случај. Меѓутоа, доколку се докаже дека Џуд Белингам го нарекол силувач, Англичанецот се соочува со суспензија и парична казна.