ВИДЕО | СНИМКА ОД КОЈА СЕ ЗАЛЕДУВА КРВТА ВО ВЕНИТЕ – Голем брод налетал на страшен бран од кој испукале прозорците и дошло до прекин на струја
Норвешкиот брод за крстарење MS Maud, со 396 луѓе, во четвртокот налета на огромни бранови во Северното Море. Прозорците напукнале, а водата протекла, што предизвикало привремен прекин на електричната енергија.
Данските поморски власти изјавија за CNN дека несреќата била предизвикана од ветрови, а компанијата Hurtigruten Expeditions соопшти дека тоа се случило бидејќи бродот налетал на силен бран.
Бродот, со 266 гости и 131 член на екипажот, се упатил кон Тилбери, Велика Британија, од Флоро, Норвешка.
Во моментот на несреќата, бројот пловел на 193 километри од западниот брег на Данска. Од Заедничкиот координативен центар за спасување соопштија дека не побарале евакуација на патниците.
Од бродот било потврдено дека екипажот и гостите се добро. Состојбата на бродот е стабилна и може да плови. Потоа тие ја промениле рутата, а патниците ќе се симнат во Бремерхавен, Германија.