ВИДЕО | Страшна снимка се појави на Интернет од Србија: Додека мирно се возеле по автопатот, се слушнало удар и силен вресок – погледнете!

Страшна снимка од несреќата во Србија се појави на социјалната мрежа Инстаграм односно на профилот @Serbialive_beograd

Видеото е снимено во близина на шумата Липовачка, за време на силно невреме во средата што го зафати нашиот северен сосед, но сега е објавено.

Автор на видеото е возач на автомобил на кој паднало дрво додека се возеле по автопат. Во коментарот напишал дека автомобилот им е уништен, но дека сите се добро.

Погледнете го видеото ОВДЕ.

На видеото се гледа како тие возат по автопат, кога огромно дрво им паѓа на хаубата и тие врескаат во автомобилот и го крши стаклото на шофершајбната кога тоа се случило.