ВИДЕО | СТРАШНА СЦЕНА СНИМЕНА НА НЕБОТО НАД ЈАПОНИЈА – Чудното однесување на птиците ги плаши луѓето: Дали тие предвреме го осетиле земјотресот !?

Видеата кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат необичното однесување на птиците во пресрет на разорниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија. Иако научниците сè уште не ја потврдиле способноста на животните да чувствуваат природни катастрофи, многумина веруваат дека постои поврзаност помеѓу нивното необично однесување и претстојните настани.

Застрашувачките видео-снимки од птиците на небото, на покривите и на патиштата укажуваат на промени во нивното однесување, а иако не е лесно да се одреди точниот момент на видео-снимката во однос на земјотресот, постои очигледна необичност во нивното однесување. Дали се работи за супериорниот слух, сетилото за мирис или едноставно некое чувство на животното, засега никој не може да каже со сигурност, но едно е сигурно – животните се однесуваат поинаку пред катастрофа.

Да потсетиме дека најмалку 55 лица загинаа, но се очекува бројот на жртвите да се зголеми, по серијата земјотреси во Јапонија. Стотици згради се уништени, а неколку градови се отсечени поради оштетени патишта и лизгање на земјиштето. Повеќе од 150 земјотреси ја погодија Јапонија за помалку од 24 часа, а денес се очекуваат повеќе. Спасувачите се на терен и бараат преживеани.