ВИДЕО | Сцена како од акционите филмови! Погледнете – полицаец се качил на автомобил во движење, додека осомничениот стискал на гаста – драматична снимка кружи на Интернет
Неодамна на Интернет беше објавено видео на кое се гледа како американски полицаец вперува пиштол во осомничено лице додека тој клечи на хаубата на автомобил во движење – пред тоа, како во сцените од акционите филмови, се држи за покривот на возилото додека возачот брзо се оддалечува со автомобилот.
Полицаецот бил виден како се приближува до автомобилот пред да му каже на возачот дека има налог за нивно апсење.
„Постои налог за ваше апсење од сојузната држава Илиноис“, му рекол полицаецот Патрик Мекарти на возачот Денис Гајдер и го замолил да излезе од возилото. Но, наместо тоа, осомничениот го стиснал педалото и дал гас на автомобилот.
Камерата од телото на друг полицаец снимена од друг агол го покажува полицаецот Патрик Мекарти како стои пред возилото со вперен пиштол додека му вика на осомничениот да го запре автомобилот!
Полицаецот потоа се качува на возилото и клекнува на хаубата со пиштол вперен во возачот и вели: „Стиснете ги проклетите сопирачки!“. Осомничениот го игнорирал неговото барање и потоа стиснал на гаста, додека полицаецот се држел за покривот на возилото.
Полицаецот се „залепил“ за покривот додека возилото се движело низ она што изгледало како индустриска област со брзина од околу 50 километри на час. Во еден момент автомобилот извртел, поради што полицаецот паднал од покривот и со голема брзина удрил во земјата, при што го повредил грбот.
„Добро сум човеку, држете го!“ кажал полицаецот на својот колега во другото возило додека осомничениот се возел.
Возачот пред судот се изјаснил за виновен за нанесување тешка повреда со возило и е осуден на затворска казна до пет години. Тој пред судот изјавил дека се плашел за својот живот кога полицаецот вперил пиштол на него и скокнал на хаубата, поради што удрил стиснал на гаста за да избега.
Инцидентот се случил во 2021 година, но полицијата во Ајова дури сега ја објави видео-снимката на Интернет.