ВИДЕО | Тажната судбина на убавиот град! Погледнете како изгледал Бахмут пред Русите целосно да го уништат: Некогаш голема зелена оаза и центар на производство за вино а денес пекол на Земјата
Украинскиот блогер Денис Казански на социјалната мрежа Твитер објави видео од градот Бахмут од 2021 година односно неколку месеци пред да започне руската агресија врз Украина, и поттикна многумина да се сетат како се живеело во овој град пред бруталните битки.
Пред да започне бруталната руска агресија врз Украина, градот Бахмут имал нешто повеќе од 70.000 жители и бил центар на индустријата за сол и вино во овој дел од земјата. Во градот имало дури 20 училишта и 29 градинки, како и бројни спортски клубови.
Градот бил еден од украинските градови каде тролеј-бусите се главно средство за јавен превоз, а во него се наоѓале и две православни и една католичка црква, како и една џамија.
Градот неколку пати го менувал своето име, а првобитното име Бахмут било сменето по Октомвриската револуција во Артемовск по болшевичкиот водач Фјодор Сергеев, познат како другарот Артем. Но, во 2016 година, во процесот на декомунизација, градот го врати своето старо име Бахмут.
Во 2014 година, градот накратко беше под руска контрола, но брзо беше ослободен и вратен во рацете на Украина.
Во мај минатата година Бахмут стана прва линија на фронтот, па беше целосно уништен во борбите што траат речиси една година. Од поранешните 70.000 жители, во градот останале само две до три илјади, кои немаат пристап до вода, струја или гас и преживуваат на многу суров начин.