ВИДЕО | УКРАИНА ГИ ХАКИРАШЕ РУСКИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ НА КРИМ – Објавена порака на Володимир Зеленски, а ТВ каналите преименувани со навреди за Владимир Путин
Украина хакираше телевизиска програма на полуостровот Крим и пушти порака од претседателот на државата, Володимир Зеленски.
Наместо редовната вечерна програма во четвртокот, гледачите можеле да да го видат само обраќањето на Володимир Зеленски, кој вети дека ќе ја протера Русија од окупираниот полуостров.
„Сакам да им се обратам на сите наши луѓе на Крим и другите моментално окупирани региони на југот и истокот на нашата земја. Знам дека сите чувствувате дека руското присуство на нашата земја нема да трае вечно. Украина ќе си ја врати територијата! Нема да оставиме никого на окупаторите“, кажува Володимир Зеленски во пораката која можете да ја погледнете ОВДЕ.
Хакерите, исто така, ги преименувале сите 20 кабелски ТВ канали.
„ВЛАДИМИР ПУТИН Е КУЧКА“, пишувало наместо името на ТВ каналите.
Хакерите објавиле и претходно снимена порака од генералот Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина, а по него Кирил Буданов, првиот човек на воената разузнавачка служба на Украина.
„Крим ќе биде вратен. Крим е наш. Русија не може да биде таму. Крим е наш и ничиј друг“, рекол Кирил Буданов со снимката од нападот на украинските сили врз руската Црноморската флота.
Хакирањето на услугите на дигиталната телевизија го потврди и рускиот функционер на Крим, Олег Крјучков.
„Непријателот хакираше неколку кримски интернет провајдери. Техничките служби работат на отстранување на проблемот. Сите проблеми ќе бидат решени во блиска иднина“, соопшти Олег Крјучков по нападот и за хакирањето го обвини Центарот за информации и психолошки специјални операции во Киев.
Руски хакери спроведоа слична акција пред неколку месеци кога упаднаа во украинските портали и почнаа да објавуваат вести со закани и навреди кон Володимир Зеленски.