ВИДЕО | Украинците уништија моќен руски радар вреден 250 милиони долари и споделија снимка од нападот: “Само погледнете зошто Русите го испратија ова на фронтот…“
Украинската Армија успешно го уништи софистицираниот руски радарски систем „Јастреб-АВ“, чија вредност се проценува на 250 милиони долари, со својата GPS-водена бомба, соопштија украинските сили, а нападот е официјално потврден од Министерството за надворешни работи на Русија.
Во вторникот наутро, руските медиуми триумфално објавија дека нивниот штаб испраќа еден од најсофистицираните радари за откривање артилерија во Украина за да ги заштити руските трупи од системот HIMARS што беше дониран на Украина од САД.
Според последните информации од терен, системот „Јастреб-АВ“ е уништен од HIMARS. Иронијата не можеше да биде поголема, а се потврдија и украинските сили преку официјално соопштение на социјалните мрежи.
„При извидување на една од јужните точки на фронтот, екипажот на беспилотното летало на 73-от поморски центар на украинските копнени сили го откри артилерискиот систем ‘1K148 Jastreb-AV‘. Операторите на силите за специјални операции заедно со единицата на вооружените сили и 140-та посебна механизирана бригада извршија напад со HIMARS, а од огнот е уништен и противничкиот систем ‘1K148 Jastreb-AV‘“, се наведува во информациите на украинските војници, а на социјалните мрежи се појави и видео-снимка од нападот на самиот руски систем.