ВИДЕО | УРНЕБЕСНА СНИМКА – Шефот на хрватската дипломатија сакал да ја бакне германската министерка, по што следело многу непријатен момент

Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на конференција за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин и беше снимен во прилично непријатен момент кој сега почна да се шири на социјалните мрежи.

Имено, дека Грлиќ Радман се фотографирал за групна фотографија, а до него стоела германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок.

слика

Кога застанал до неа, Грлиќ Радман и подал рака и се обидел да ја бакне, а потоа следело фијаското. Шефицата на германската дипломатија, на која и било видно непријатно, го избегна бакнежот.

Можете да видите како тоа изгледаше во видеото ОВДЕ.