ВИДЕО | ‘Фатална забава’ – група туристи славеле роденден, а потоа им се превртел бродот и потонал: Најмалку три млади лица го загубиле животот

Најмалку три лица го загубиле животот откако брод со повеќе од 20 патници потонал во езерото Маџоре во северна Италија, објави BBC.

Италијанските пожарникари известуваат дека трагаат по едно лице кое е исчезнато.

Бродот се превртел во неделата кога бил меѓу Сесто Календе и Арона.

Италијанските пожарникари соопштија дека згрижиле 19 лица и трагаат по исчезнатите.

Претседателот на ЛомбардијаАтилио Фонтана соопштил дека споменатиот „сериозен инцидент“ се случил поради лошото време.

Бродот кој потонал бил долг 16 метри, а бил изнајмен од група туристи.

Според весникот La Repubblica, на бродот имало 25 луѓе кои го прославувале својот роденден. Поради лошото време, пловилото прво се превртело, а потоа потонало.

Сите патници завршиле во водата, но многумина успеале да допливаат до брегот. Некои биле спасени од други чамци кои пловеле по езерото.