ВИДЕО | ФИЛМСКА АКЦИЈА НА РУСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА – Уапсен убиецот на командантот што ја ‘уништи’ Украина – фатен по гаќи!
Денес во Краснодар е уапсено лице осомничено за убиството на поранешниот командант на руската подморницата, Станислав Ржицки.
Како што објавија руските медиуми, истражниот комитет соопштил дека во заедничка акција на полицијата и ФСБ е приведен Сергеј Денисенко (64 г.). Исто така, соопштено е дека при апсењето кај Сергеј Денисенко бил пронајден пиштол со пригушување од кој наводно биле испукани истрелите.
Осомничениот е уапсен во изнајмен стан во Кубан. На видеото од апсењето се гледа како голем број полицајци ги кршат стаклата и трчаат во еднокатната куќа, каде го пронаоѓаат осомничениот по долна облека.
Погледнете го видеото ОВДЕ.
За потсетување, Станислав Ржицки (42 г.) беше застрелан повеќепати во понеделникот рано наутро додека џогирал во парк во Краснодар.
Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот очигледно ги знаел неговите движења и дека најверојатно го следел преку апликација каде што Станислав Ржицки ги евидентирал маршрутите и растојанија поминати додека трчал и возел велосипед.
Според руските медиуми, Станислав Ржицки работи во градското собрание на Краснодар од октомври 2022 година, а претходно командувал со подморниците „Алроса“ и „Краснодар“ .
Украинските медиуми јавуваат дека тој бил командант на подморницата што наводно извршила ракетен напад врз украинска Виница на 14. јули 2022 година, но роднините на жртвата тврдат дека Станислав Ржицки ја напуштил Армијата пред почетокот на војната.
Таткото на жртвата за руските канали на социјалната мрежа Телеграм изјавил дека на кој било начин не учествувал во конфликтот со Украина и дека поднел барање за отпуштање од Вооружените сили на Русија во декември 2021 година.
Станислав Ржицки, наводно, конечно бил отпуштен од вооружените сили во август 2022 година, а неколку месеци подоцна се вработил во администрацијата на Краснодар, според приказната која ја повторуваат роднините на жртвата. Во моментот на смртта, Станислав Ржицки бил вработен како заменик раководител на одделението за мобилизациска работа на градското собрание.