ВИДЕО | ХАОСОТ ГО ДОСТИГНА ВРВОТ – “Граѓанската војна веќе започна!“ – Вагнер соборија руски авион, додека Евгениј Пригожин повторно дивее: “Копилиња!“
Откако приватната воена група Вагнер го окупираше Ростов на Дон, тие наводно се судриле со руската Армија во регионот Воронеж. Според неофицијални информации, групата Вагнер собориле авион и хеликоптер на руската воена авијација и се подготвуваат да го заземат аеродромот.
На социјалните мрежи кружат снимки на кои наводно се гледаат ударите на руските воздухопловни сили врз конвојот на Вагнер кој се движи кон Москва. Се верува дека тоа ги започнало конфликтите во регионот Воронеж меѓу приватната група Вагнер на Евгениј Пригожин и руската Армија.
„Еден од конвоите на Вагнер беше нападнат во регионот Воронеж. Авијацијата исто така интервенираше“, напиша групата Вагнер во објава на социјалната мрежа Телеграм.
На социјалната мрежа Телеграм платеничката група Вагнер ја објави веста дека во градот Воронеж е соборен хеликоптер на руските воздушни сили – „Соборен хеликоптер на руските воздушни сили, кој од воздух ја нападна пешадијата на Вагнер во Воронеж“, пишува Евгениј Пригожин.
Заедно со веста наводно била објавена и фотографија од соборениот хеликоптер. Профилот на Вагнер исто така објави и наводна снимка од падот на хеликоптерот на руското воено воздухопловство. Не беше наведено кога е направено видеото и каде е соборен, па оваа информација треба да се земе со резерва, особено што руската страна не објави ништо за овој инцидент.
Белоруската медиумска агенција Nexta објави на социјалната мрежа Твитер снимка на која наводно се гледаат улични борби на улиците на Ростов на Дон, кои биле окупирани од членови на Вагнер. Руските медиумски агенции, исто така, јавија дека војската е испратена во окупираните градови и дека ги спроведува „неопходните антитерористички активности“.
Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави наводна порака од групата Вагнер, во која јасно стои – „граѓанската војна веќе започна“.
„Еден од конвоите на Вагнер беше нападнат во близина на Воронеж. Граѓанската војна официјално започна“, се вели во пораката на Вагнер.
На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа како ловците на Вагнер собориле руски авион над Воронеж. Ниту еден официјален извор не потврди дека снимката е вистинска.
Групата на социјалната мрежа Телеграм поврзана со групата Вагнер реагираше на говорот на Владимир Путин и објави дека претседателот направил погрешен потег.
„Толку полошо за него. Наскоро ќе имаме нов претседател“, се вели во објавата на групата поврзана со Вагнер.
Исто така, по повод обраќањето на Владимир Путин се огласи и самиот Евгениј Пригожин кој кажа дека членовите на неговата група, кои го започнаа вооружениот бунт, се „подготвени да умрат“. Тој му одговори и на Владимир Путин, кој неговите постапки ги нарече предавство, велејќи дека е патриот.
„Никој нема да се предаде на барање на претседателот… Не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција и лаги. Ние сме патриоти, а тие што се против нас се оние што се собраа како копилиња“, заклучи Евгениј Пригожин.