ВИДЕО | ХИТ СЦЕНА ОД КРАЈОТ ОД ПОСЕТАТА НА КИМ ЏОНГ УН НА РУСИЈА – Погледнете како придружбата на севернокорејскиот лидер скока во воз што замина без нив

Репортери од придружбата на Ким Џонг Ун биле принудени да скокнат во оклопниот воз на севернокорејскиот лидер откако за малку ќе го пропуштиле.

Необичната сцена е снимена додека возот ја напушта железничката станица „Комсомолск“ и се упатува кон Владивосток. Двајца членови на медиумскиот тим ја фотографирале прошталната церемонија на станицата и не сфатиле дека возот веќе тргнал.

На видеото се гледа и гувернерот на областа Хабаровска, Михаил Дегтјарев и градоначалникот на Комсомолск-на-Амур, Александар Жорник како му мавтаат на Ким Џонг Ун додека неговиот воз ја напушта станицата, а видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

На други снимки се гледа како црната лимузина на Ким Џонг Ун е натоварена во воз.

Ким Џонг Ун во текот на целата недела го посети рускиот претседател Владимир Путин на важни разговори, а денеска му беа покажани руските борбени авиони Su-35 и Su-57.