ВИДЕО | ХОРОР ВО “ГРАДОТ НА СВЕТЛИНАТА“ – Човекот кој избоде до смрт Германец во центарот на Париз е радикален исламист, кој веќе бил во затвор

Едно лице загина, а две се повредени откако напаѓач нападна луѓе со нож и чекан во центарот на Париз. Полицијата брзо реагирала и го уапсила напаѓачот, потврди министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин.

Храбри полицајци штотуку уапсија напаѓач кој напаѓаше минувачи во Париз, околу Кеј де Гренел. За жал, едно лице почина. Ве молиме избегнувајте ја областа“, напиша министерот во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

Напаѓачот наводно извикал „Алаху Акбар“ по нападот, изјави полициски извор за AFP и Le Parisien.

Човекот кој загинал бил турист со двојно германско и филипинско државјанство. Полицијата го затекнала со убодни рани во пределот на грбот и рамото, а вознемирувачките видео-снимки од местото на настанот можете да ги погледнете ОВДЕ.

Исто така, бил пронајден англиски турист со рана на главата, а му помогнале пожарникари. Според полициски извори, овој човек се движел со сопругата и детето кога напаѓачот му пришол одзади и го удрил со чекан. Во нападот е повредено и уште едно лице, но не се знае неговата состојба.

За среќа, во близина имало полицајци кои употребиле пиштол за шокирање за да го имобилизираат напаѓачот. Според Le Parisien, напаѓачот е роден во Франција, има француско државјанство, а полицијата го имала неговото име на листата на радикални исламисти.

Како што пишува Le Mond, тој е роден во Франција во 1997 година од родители Иранци, со кои живее во ЕсонДомашната разузнавачка служба (DGSI) го уапсила во 2016 година за планирање на нападот во Ла Дефенс. Осуден е на пет години затвор, од кои една година условна, а по отслужувањето на казната е ослободен во 2020 година. Тој е ставен под судски надзор.

Тој бил склон кон радикален исламизам и имал психијатриски нарушувања поради кои бил подложен на психијатриско лекување во текот на неговиот притвор и по неговото ослободување.

Првите месеци беа охрабрувачки, се чинеше дека тој се одвои од религијата по неговото ослободување“, изјави безбедносен извор за агенцијата France Press

Но, овој човек со „многу нестабилна“ личност повторно предизвикува загриженост од пролет-лето 2022 година, според овој извор.

Била забележана и неговата „значајна дигитална активност“. Непосредно пред неговиот напад, на социјалните мрежи било објавено видео кое го оправдува неговиот чин. Напаѓачот конкретно ја споменува „Владата или убиството на невините муслимани“, според извор од безбедносните сили.