ВИДЕО | ХОРОР ВО РОДНИОТ ГРАД НА ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ – Русите направија ‘дожд од ракети’: “Ова е вистински терор, четворица загинати, 43 повредени…“
Руски ракетен напад го погоди родниот град на Володимир Зеленски, Криви Рих, на југот на Украина, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина.
Украинската државна служба за итни случаи потврди дека до 12:30 часот (по локално време) четири лица загинале, а 43 лица се здобиле со повреди од експлозиите.
Три лица се безбедно спасени, се вели во соопштението, вклучително и дете родено во 2013 година.
„Во акциите за пребарување и спасување учествуваат вкупно 230 лица и 57 возила, од кои 85 спасувачи и 22 возила на Државната служба за вонредни состојби“, се вели во соопштението, пренесуваат украинските медиуми.
Видео-снимки и фотографии од местото на настанот покажуваат како спасувачите се борат со пожарот.
Олексиј Кулеба, заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, вели дека се знае дека 43 лица се повредени во нападот на Криви Рих и ја повика Украина да се одмазди за сите погодени од руските напади.
„Криви Рих – две ракети паднаа врз центарот на градот. 43 повредени, четворица мртви – од под урнатините извлечени жена и дете. На лице место работат сите потребни служби, локални и регионални власти. Оперативниот штаб работи и распоредена е помош. Секој ден, украинските градови се под оган на руските терористи. Суми, Запорожје, Днепар, Харков. Ова е само во последните неколку дена“, објави тој на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.
„Денес и во Херсон – еден загинат, четворица повредени. Вработените во комуналното претпријатие, кои во тоа време го чистеа градот, беа нападнати од непријателот. Сите добиваат помош. Непријателот удира населби и градови. Ова е терор бидејќи се гледа очајот и поразот на Руската Федерација на фронтот. Ова е терор за заплашување и уништување на Украинците. Ајде да им се одмаздиме на сите. Ние работиме и го спасуваме нашиот народ“, додава тој во пораката.