ВИДЕО | ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА – Во училиште брутално заклан наставник од насилник кој извилак – “Алах Акбар“; Објавени првите вознемирувачки снимки
Во напад со нож во училиште во францускиот град Арас, едно лице е убиено, а две се тешко ранети. Нападот се случил на североистокот на земјата во близина на градот Лил.
Mond пренесува дека е убиен учител, а медиумите пишуваат дека напаѓачот извикал – „Алах Акбар“.
„Во моментов во гимназијата ‘Гамбета‘ во Арас се одвива полициска акција. Полицијата го уапси сторителот“, изјави министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин.
На социјалните мрежи се појавија првите видеа од нападот на кои се гледа како неколку лица во училишниот двор се обидуваат да го совладаат насилникот, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.