ВИДЕО | ЦЕЛА СРБИЈА СЕ КРЕНА НА НОЗЕ ПОРАДИ ОВАА СНИМКА – Како може оваа мајка да се однесува вака со својот полнолетен син: “Па ова е срамота! Не ми се верува што гледам…“

Во соседна Србија, мајка по име Синјорина (име кое го користи на социјалните мрежи) дефинитивно е ѕвезда на Тик Ток, а нејзиното неодамнешно видео кое собра повеќе од 1,6 милиони прегледи, предизвика спротивставени коментари во јавноста. 

На видеото се гледа како дотичната госпоѓа седи на рамениците на својот син кој неодамна се вратил од САД, додека тој ја носи низ водата во базенот.

Многумина сметаат дека ваквото однесување е непримерно, па ја опсипаа мајката со негативни коментари под објавата.

Ладнокрвно го јава нејзиниот син по вратот!“, „Ова за мајка е премногу слободно однесувањето кон синот, срамота…“, „Се е во ред, само како може мајка ми да седи на моите рамења, тоа е малку необично…“, „Ова е големо црвено знаме…“, „Убаво е да имам добар однос со син ми, но не и овој интимен, болно е ова што го правиш…“, „Тешко на неговата идна сопруга, само тоа ќе кажам“ – и напишале корисниците во коментарите под видеото објавено на социјалната мрежа Тик Ток.

Весникот Kurir.rs контактирал со психолозите Љиљана Јагодиќ и Лео Иванишевиќ, а еве што им тие кажаа.

Ваквото однесување е дефинитивно претерано кога станува збор за возрасен. Мајката се однесува заштитнички кон детето додека тоа не стане независно. Дури и го охрабрува и поддржува во неговата независност. Со оглед на тоа дека се работи за син, треба да се запрашаме до каде се границите на ваквото однесување и дали ваквиот став укажува на развиен Едипов комплекс кај синот, штом тој си дозволил вакво нешто. Искрено, можеби ова е само добар маркетинг, бидејќи во одреден момент се споменува и одредена крема“, вели Љиљана Јагодиќ.

Лео Иванишевиќ смета дека е можно видеото да го снимиле малку несмасно, сакајќи да направат забавна атмосфера за рекламата.

Можеби шок ефектот е таму намерно, бидејќи треба да привлече внимание за да се продаде производот. Прашање е колку сето ова би ни изгледало чудно да не биле во костими за капење и на базен или разликата во годините да била поочигледна“, вели психологот и додава дека не може да се извлечат заклучоци за вистинската динамика на нивната врска врз основа на едно видео.

Не гледам ништо лошо во тоа што на мајката и недостасувал синот кој долго време бил во странство и сега е среќна што повторно го гледа. Кога децата се мали, родителите се тие кои ги носат на грб во водата. Овие луѓе можеби сакале да бидат кул, па го направиле спротивното… Мајката е млада и фит, разликата во години не се гледа на прв поглед, па затоа е уште почудно бидејќи навистина изгледаат како пар“, изјавил психологот Лео Иванишевиќ.

Инаку,мајката има три сина, а во една прилика еден од нив го научила на основните елементи на танцот на шипка и сето тоа го снимила и го објавила јавно.