ВИДЕО | “ЦИРКУС“ ЕДНАКОВ НА РИЈАЛИТИ ШОУ – Доналд Трамп ги загуби нервите во судница, судијата се ‘откажа’ од случајот, а адвокатите во шок
Овој понеделник Доналд Трамп донесе циркус достоен за посебно реално шоу во судницата во Њујорк. Поранешниот претседател на САД беше принуден да сведочи како дел од еден од случаите што моментално се водат против него, оној за наводно „зголемување“ на вредноста на неговата деловна империја, а тој решил да го искористи времето пред говорницата за директно да го нападне судијата, обвинителството, демократите и сегашната администрација на Белата куќа.
„Овој суд е измама, не јас!“, извикал тој, додавајќи дека најмногу му е жал за судијата кој без милост го прифатил сервираниот политички „лов на вештерки“ во режија на налудничавите демократи.
Судијата Артур Енгорон, задолжен за случајот покренат против Доналд Трамп од страна на обвинителката Летиција Џејмс, во неколку наврати морал да го предупреди поранешниот претседател, како и неговиот правен тим.
„Ова не е предизборен митинг, ве молам контролирајте го вашиот клиент!“, предупредил Артур Енгорон, кој изливите на гнев на Доналд Трамп ги нарече „генијални“.
„Судот треба да слушне се што има да каже мојот клиент за случајот покренат против него“, ладнокрвно објаснил правниот тим на Доналд Трамп на судијата.
Во еден момент вербалните испади на Доналд Трамп толку излегле од контрола што судијата се откажал од обидот да воспостави ред во судницата, па немо ги слушал нападите на поранешниот претседател на САД. Сепак, треба да се нагласи дека се работи за граѓански случај, што значи дека за судбината на Доналд Трамп нема да одлучува судот, туку судијата кого обвинетиот толку многу го навредува.
„Ова е крајно нефер судење. Многу, многу неправедно! Се надевам дека јавноста гледа“, истаканл Доналд Трамп, кој од државата Њујорк е обвинет дека ја „зголемил“ вредноста на својата компанија за да ги измами банкарите и инвеститорите, поради што обвинителството бара отштета од 250 милиони долари и доживотна забрана за водење бизнис во Њујорк.
„Добро, дали конечно завршивте сега ?“, прашал обвинителот Кевин Валас по бизарно долгата литија на Доналд Трамп со напади врз судот, демократите, Белата куќа на Џо Бајден и „длабоката држава“ која го обвинува за фиктивни злосторства.
„Господине Трамп, забележавме дека ги немате подмирено финансиските извештаи за 2021 година. Зошто ?“, го прашале Доналд Трамп, на што тој одговорил: „Бев премногу зафатен во Белата куќа, па немав време“.
Во овој случај, синовите на Доналд Трамп, Доналд Џуниор и Ерик веќе сведочеа, а следната недела на говорницата може да се појави и ќерката Иванка, која многу генијално се обиде да избегне вмешаност во целата приказна – му кажала на судијата дека нема на кого да ги остави децата и побарала изземање.