ВИДЕО | Шестиот најдобар тенисер на светот едвај “преживеа“ на натпреварот кој траеше речиси пет часа, а се шокираше кога го слушна новинарското прашање по победата: “Дали сте сериозни !?“
Александар Зверев едвај се пласираше во третото коло на Австралија Опен, откако за малку ќе загубеше од анонимниот Лукас Клајн од Словачка.
Тој успеа да се врати од негатива во сет и да победи во тај-брејкот од петтиот сет. По драмата и се што се виде, тој ги загуби нервите на прес-конференцијата.
Таму новинарите му поставија само едно прашање на англиски јазик. И тоа за претстојното судење во Германија, каде што ќе се брани пред судот од обвинувањата на неговата поранешна девојка Бренда Пате дека ја претепал.
Новинарот го праша дали лично ќе присуствува на тоа судење.
„Леле. Тоа е прашањето ? Само што одиграв натпревар од четири часа и 40 минути. Тоа не е првото прашање што сакам да го слушнам, да бидам искрен. Појма немам, во мај е“, нервозно изјавил Александар Зверев.
Тоа беше и единственото прашање што го доби на англиски на прес-конференцијата.
Што се однесува до натпреварот, Александар Зверев го доби првиот сет со многу проблеми (7:5), а потоа следните два му припаднаа на Лукас Клајн (6:3, 6:4). Четвртиот сет беше решен во тај-брејк, каде Лукас Клајн водеше со 4:3, но Германецот успеа да израмни. Следуваше петтиот, одлучувачки сет.
Александар Зверев поведе со 3:1, Словакот се врати и го внесе сетот во тај-брејк кој се игра до 10 освоени поени, беше 7:7, а потоа германскиот тенисер освои три поени во низа и успеа да го заврши натпреварот.