ВИДЕО | Што е ова !? Светот зборува за новата јахта на Џеф Безос вредна 500 милиони долари! Сите го забележаа перверзниот детал што ‘виси’ на водниот ѕвер – погледнете…

Што значи ова за сопственикот на компанијата Amazon, Џеф Безос, третиот најбогат човек во светот !? 

Фотографиите за кои зборува светот нудат поглед на дрвена скулптура на лакот на неговата мега-јахта, која неверојатно наликува на неговата девојка Лорен Санчез – за која и стави крај на бракот со својата долгогодишна сопруга.

Скулптурата е издлабена во стил на римска божица, пишува Daily Mail, облечена во фустан, со долга коса и лице кое многу наликува на Лорен Санчез.

Џеф Безос и Лорен Санчез моментално се на Мајорка, каде уживаат на јахтата, а истата е пуштена во вода само 5 години откако е нарачана. Тогаш познат како „Project 721“, јахтата е изградена од специјалисти за едрење во историското пристаниште „Цвијндрехт“, во близина на Ротерхам во Холандија.

Џеф Безос ја нарекол јахтата „Кора“ по маорскиот збор за „нови почетоци“ и е втора по големина во светот – ја надминува јахтата на Филип Старке, која е во сопственост на рускиот милијардер Андреј Мељниченко, производител на ѓубрива.

Наводна скулптура на Лорен Санчез

Минатата година, дури и пред јахтата да биде лансирана, огромната големина на нејзините јарболи предизвика меѓународна контроверзност кога Ротердам објави дека средниот дел од 100-годишниот мост „Конингсхавен“ ќе биде отстранет за да и се овозможи на суперјахтата да влезе во Северното Море.

Според извештаите, Џеф Безос рекол дека ќе плати за мостот да се демонтира и повторно да се изгради – но неговото барање било одбиено.

Бесните локални жители потоа започнаа петиција да се фрла на јахтата со расипани јајца на неговото прво патување – кое собра илјадници потписи.