ВИДЕО | Ѕвездата на Атлетико Мадрид на оригинален начин го понижи Реал Мадрид по поразот: “Деца, од утре на училиште…“

Во мадридското дерби Атлетико го совлада Реал (3:1) и ја прекина перфектната серија на „Кралскиот клуб“ на почетокот на сезоната. 

По натпреварот, избраниците на Диего Симеоне доживеаја голем триумф, првиот по два резултатски неуспеси, а стрелецот на вториот гол, Антоан Гризман, даде изјава пред камерата која стана хит.

Деца, од утре одете на училиште во дресови на Атлетико“, им порача францускиот напаѓач на навивачите на најголемиот градски ривал.

Атлетико Мадрид, инаку, моментално ја држи петтата позиција во Ла Лига со шест бода помалку од Барселона и три повеќе од Реал Мадрид, но со натпревар помалку од ривалите за титулата.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ИЗЈАВАТА НА АНТОАН ГРИЗМАН ОВДЕ.