ВИДЕО | “Јас сум новата Памела Андерсон!“ – младата актерка ‘скокна’ во минијатурно бикини и се пофали со нејзините нови гради, а обожавателите видно налутени

Актерката Хелен Фланаган ги „налути“ социјалните мрежи откако објави видео на кое таа е облечена е во минијатурно розово бикини. Во описот на видеото таа накратко напишала: „Pammy vibes“, сугерирајќи дека се чувствува како ѕвездата на филмот „Baywatch“, Памела Андерсон.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ОВДЕ.

Хелен Фланаган се пофали со нејзиното неодамнешно зголемување на градите, кое уследи по нејзиното разделување со фудбалерот Скот Синклер минатата година. Мајката на три деца изгледа самоуверено додека позира во оскудно бикини со розов накит на нејзе.

Актерката неодамна реши да ја прекине врската со нејзиниот свршеник фудбалер Скот Синклер, но откри и дека се бори „со своите мисли“ по разделбата.

32-годишната поранешна ѕвезда на „Cronation Street“, наводно, ја донела конечната одлука на почетокот на оваа недела да не се смири со нејзиниот поранешен вереник откако побарала совет од Керол Вордерман, британска медиумска личност која често го промовира нејзиниот став дека сака да биде сингл (слободна).

Актерката исто така додала дека мора да биде „постојано“ опкружена со пријателите или со нејзините деца поради тешкотиите по разделбата.

Навистина не ми се допаѓа да сум сингл, има ли некој друг кој се чувствува така ? Морам да бидам опкружена со пријатели или деца цело време. Едноставно не можам да седам со себе и со своите мисли“, признала таа во објава на социјалните мрежи.

Актерката се раздели од фудбалерот пред шест месеци по 13 години поминати заедно, во кои добија три деца – Матилда (7 г.), Далила (4 г.) и Чарли (2 г.).

Познатата убавица ги подгреа гласините дека парот се смирил откако претходно била забележана и видена како повторно го носи свршеничкиот прстен. Но, таа набргу ги демантираше тие гласини и порача дека се бори само за благосостојбата на нивните деца.