ВИДЕО | ЈОСИП БРОЗ ТИТО ГО ПРЕКИНА НАЈГЛЕДАНИОТ ФИЛМ ВО ЈУГОСЛАВИЈА – Се очекувало да надмине бројка од над 1.000.000 прегледи, а еве што се случило
Вториот дел од југословенската хит-серијата „Луди години“, во режија на Зоран Чалиќ, беше премиерно прикажан на 31. јануари 1980 година, а од почетокот имаше голем интерес за продолжување на серијата.
Сите беа заинтересирани за иднината на љубовната сага меѓу Боба и Марија, а југословените чекаа нови гафови и култни реплики на пријателите Милан и Жика.
Интересот за продолжување на оваа сага беше толку голем што имаше доцнење со прикажување на други филмови таа година. Кината ширум поранешната држава овој филм го закажаа во ударен термин на 4. мај.
„Другарот Тито е мртов“, одекнуваа на телевизиите низ Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Почина доживотниот претседател на државата, а почнаа деновите на жалост. Целата земја беше обвиена во црно.
Серијата која само во периодот од 31. јануари до 4. мај ја виделе 600.000 гледачи, е прекината. Отстранета е од репертоарот поради смртта на Јосип Броз Тито.
Предвидувањата достигнаа високи бројки, се очекуваше да достигне милион прегледи хит-серијата, но смртта на Јосип Броз Тито ја прекина оваа серија.
Инаку, легендарниот Драгомир Гидра Бојаниќ бил дури и во затвор поради шегите кои ги кажувал за Јосип Броз Тито, а тоа во една прилика тоа го открил и актерот Никола Којо. Кога дошле да го посетат, го затекнале како ги забавува полицајците кажувајќи им ги истите вицови.