ВИДЕО (18+) | Бритни Спирс се снимаше гола во кревет, носејќи само ланче и ја сподели снимката со обожавателите: “Добро утро…“
Поп-пејачката Бритни Спирс сподели видео за добро утро на нејзините обожаватели од нејзиниот кревет на социјалните мрежи.
На видеото кое го објави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм таа не носи ништо друго освен црно ланче. Таа додека го покажува своето деколте вели – „добро утро“.
Бритни Спирс направи серија гримаси со сцени од нејзиното тело, а во описот на објавата стави смајли на кои се гледаат насликани нокти и гулаб на маслиново гранче. Видеото има повеќе од 110.000 допаѓања, а таа ги исклучи коментарите на објавата. Провокативното видео можете да го погледнете ОВДЕ.
Пејачката е позната по објавувањето на различни видеа од себе на социјалните мрежи, па магазинот Page Six ги истакна оние каде вози топлес или позира гола на плажа. Фотографиите кои привлекуваат внимание, објасни таа во своите мемоари „The Woman in Me“, и носат радост.
Иако е свесна дека многумина не разбираат зошто сака да се фотографира гола, таа наоѓа задоволство во позирањето на начинот на кој се чувствува секси и прави што сака.