ВИДЕО | 92-годишна баба ја откри тајната на младешкиот изглед – главниот ‘виновник’ е позната евтина крема која мора сите да ја имате во вашиот шкаф, погледнете како изгледа!
92-годишна жена предизвика целосен хаос на Интернет поради младешкиот изглед.
Џоан Вудхаус, која се преселила од Велика Британија во Мар Менор, Шпанија, често знае да се пофали со својот неверојатен младешки изглед на социјалните мрежи, па на социјалната мрежа Тик Ток, каде што е позната како @joansumner1930, често објавува видеа во кратки летни фустани и бикини.
Во едно видео на Тик Ток, еден од нејзините 18 внуци објаснува како неговата баба успева да изгледа толку младо.
Оваа мајка на осум деца, родена во 1930 година, открива дека ја користи кремата на познатиот бренд „Nivea“ од својата 16-та година. Тоа видео собра неверојатни 1,7 милиони прегледи.
Видеото започнува така што внукот на Џоан Вудхаус вели:
„Бабо, никој не верува дека имаш 92 години. Можеш ли да ни кажеш нешто за себе ?“.
„Родена сум на 6. септември 1930 година“, започнува Џоан Вудхаус на почетокот и продолжува: „Се сеќавам дека војната почна, мислам дека имав 16 години кога заврши“.
„Сите мислат дека изгледаш одлично и се чудат како се грижиш за својата кожа“, продолжува внукот.
„По војната, кога имав околу 16 години, штотуку излезе кремата ‘Nivea‘ и мојот пријател ми кажа за тоа. Така, таа крема ја користев со години и години“, објаснува таа.
Во коментарите многумина изразија неверување за нејзината возраст, а некои се пошегуваа дека цената на Nivea после ова вртоглаво ќе порасне.
„Навистина неверојатно! Мајка ми има 91 година. Изгледате многу помалдо!“, гласел еден од коментарите под видеото.
„Леле, изгледаш фантастично! Кремата треба да ве искористи за своите постери!“,гласел друг коментар од еден корисник на социјалната мрежа.
Џоан често е во ситуација да им објаснува на своите следбеници на Тик Ток како изгледа толку добро. Во едно видео таа разговараше со следбениците додека се сонча во бикини.
Во едно видео таа дури открива дека пушела цигари до својата 60-та година. После тоа, таа не се вратила на таа навика, а сега тоа го прави само повремено, во друштво, кога ужива со по некоја чашка алкохол.
„Не сакам да пијам. Пиев кога бев млада, а и тогаш пиев само британско шери“, тврди таа.
„Не сакав да се обвинувам себеси ако заболам од рак на белите дробови. Приказната за тоа ме исплаши толку многу што престанав да пушам“, вели таа. Таа додала дека сака англиска храна, особено печени компири и јагнешко месо, но истакнала дека сака зеленчук и го јаде секој ден, пренесува Daily Mail.