Најголемиот тениски турнир, Вимблдон, одлучи да промени едно иконско правило по 148 години, а сето тоа поради смртта на Диого Жота, која го потресе светот.
Смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва го потресе не само фудбалскиот свет, чии активни претставници беа, туку влијаеше и на целиот спортски настан.
Па така, турнирот кој моментално е во фокусот, неофицијалното светско првенство во тенис – Вимблдон, одлучи накратко да го промени правилото кое го краси 148 години, а тоа е дрес кодот.
Ова тениско натпреварување има строги правила за тоа што можат да носат играчите, при што играчите мора да играат во целосно бела комбинација, без детали за нивната опрема.
Сепак, по смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, Вимблдон им дозволи на играчите да носат црна лента на ракавите во чест на Диого Жота.
Првиот играч што го стори тоа беше португалскиот играч во двојки Франциско Кабрал. Тој ги победи Раџив Рам и Џејми Мареј во натпревар во двојки со Лукас Мидлер, носејќи црна лента на ракавот, што претходно беше забрането.
„Ја слушнав веста додека возев кон терените на Вимблдон. Му посакувам на неговото семејство се најдобро. Имаше прекрасни луѓе околу себе и се надевам дека ќе го преброди ова“, рече Кабрал.
Португалскиот тенисер додаде дека смртта на Жота била во неговата потсвест додека играл, и додаде дека не го познавал лично, но го опишал како вистински пример во Португалија.