По првичните навестувања, Samsung го покажа Galaxy Ring во физичка форма за време на настанот MWC 2024.
Покрај покажувањето на уредот, компанијата откри и некои дополнителни детали за прстенот. Galaxy Ring ќе се фокусира на здравјето и благосостојбата и ќе биде достапен во три бои: платина сребрена, златна и керамичка црна.
Samsung Galaxy Ring ќе биде пуштен во продажба подоцна оваа година.
Оние кои имаа можност да се запознаат со него велат дека прстенот Галакси е конкавен прстен и е прилично голем, што не е чудно со оглед на електрониката имплементирана во него.
Samsung officially announces the Galaxy Ring.
— Alvin (@sondesix) February 26, 2024
This is the smallest form of wearable device from Samsung, built for comfortable 24/7 wear as an “all-new way to simplify everyday wellness”.
It comes in three colours: Ceramic Black, Platinum Silver, and Gold. Available in sizes… pic.twitter.com/C4ef2tFQrx
Се вели дека е полесен отколку што мислите, и ќе биде достапен во големини од 5 до 13 и означени од S до XL. Капацитетот на батеријата ќе зависи од големината на прстенот и ќе варира од 14,5 mAh до 21,5 mAh. Не е познато колку долго ќе трае батеријата со едно полнење.
Кога станува збор за функциите, Galaxy Ring ќе го следи спиењето врз основа на отчукувањата на срцето, движењето и дишењето и ќе им дава совети на корисниците врз основа на тоа.
Прстенот ќе понуди и нова алатка наречена My Vitality Score, која ја мери будноста за корисниците да можат да видат дали се фит. Повратните информации ќе бидат достапни преку Booster Cards кои обезбедуваат совети базирани на наука користејќи спиење и други податоци собрани од уредот..
Galaxy Ring ќе биде дел од екосистемот Samsung Health и ќе биде компатибилен со паметниот часовник Galaxy Watch. Дополнително, ќе биде компатибилен само со телефоните Samsung Galaxy, но компанијата планира подоцна да работи со други уреди со Android.