– Владата, на денешната седница, го утврди и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Законот е предложен од Министерството за финансии и предвидува оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта и има за цел да ја заштити младата популација, бидејќи моменталниот не предвидува ваков критериум.
Како што информираат од Влада исто така, меѓу целите на предложените измени се посочува на потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање на лиценци, како и прецизирање на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца, приредува еден вид на игра на среќа. А се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа.