Владимир Путин ненадејно пристигна во Украина – претседателот на Русија ги посети војниците и им поради поклон за Велигден: “Земете го ова со вас во војната…“ (фото/видео)
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес, ненадејно, со хеликоптер пристигна во област Херсон, Украина, по што со теренско возило отиде во штабот, каде го пречека командантот на трупите на Днепар, генерал-полковник Олег Макаревич.
Олег Макаревич кажал дека рускиот претседател може да се чуствува целосно безбедно и му порачал: „Ви посакувам добро здравје“, по што Владимир Путин го поздравил со ракување, објавија руските државни медиуми.
Отворајќи го состанокот, Владимир Путин порачал: „Не сакам да ве оттргнам од вашите директни должности поврзани со командата и контролата, затоа ние работиме овде, до крај“.
„За мене е важно да го слушнам вашето мислење за развојот на ситуацијата, да ве слушам сите, и да размениме информации“, рекол рускиот претседател пред присутните.
Првиот човек на Кремљ побарал извештајот да започне со ситуацијата во Херсон, потоа за ситуацијата во Запорожје, а подоцна се обратил и до командантот на Воздухопловните сили, генерал-полковник Михаил Јуриевич Теплински за да ги изрази и тој своите размислувања.
„Знам дека тој долго време беше на линијата на фронтот во име на началникот на Генерал-штабот и Министерот за одбрана, даде многу детален извештај за се“, посочил претседателот.
Во исто време, Владимир Путин им го честитал Велигден на војниците и им подарил копија од иконата „Спасител без раце“, која, како што нагласил, му припаѓала на еден од најуспешните министри за одбрана на Руската Империја.
Во обраќањето до командантот на Воздухопловните сили, Владимир Путин рекол дека може да ја земе иконата со себе во војната: „Михаил Јуриевич можеш да го понесеш ова со себе, како што ќе одлучите“.
Ова е прва посета на Владимир Путин на регионот Херсон. Тој претходно беше во Мариупол на 19. март, а потоа го посети и Ростов на Дон, каде одржа состанок и ги слушаше извештаите на воените лидери во штабот на т.н. специјална воена операција.