ВЛАДИМИР ПУТИН НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ЗАТВОР! Претседателот на Русија во октомври ќе ја посети Кина, а можна е и средба со ‘Султанот’ во Турција
„Претседателот на Русија, Владимир Путин, доби покана да ја посети Кина и има намера тоа да го направи во октомври кога ќе се одржи форумот, Еден појас – еден пат“, соопшти за руските медиуми, Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за меѓународни прашања.
„Познато е дека добивме покана и дека имаме намера да одиме во Кина кога ќе се одржи форумот“, изјавил тој за новинарите.
Исто така, Јуриј Ушаков рекол дека Москва и Анкара ја планираат посетата на Владимир Путин на Турција, но дека датумот се уште не е договорен.
„Во однос на контактите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, можам да потврдам дека двете страни планираат да го посетат нашиот претседател, но се уште не сме договориле конкретни датуми. Се споменуваше август, но и други варијанти“, изјавил тој.
Тој потсети дека Владимир Путин му ветил на Реџеп Таип Ердоган дека ќе дојде во Турција веднаш по победата на Реџеп Таип Ердоган на последните избори во мај.
За самитот на Г-20 во Индија, Реџеп Таип Ердоган вели дека форматот на учество на рускиот претседател се уште не е прецизиран – поканата е пристигната и не е исклучена посетата на Индија.
За потсетување, Меѓународниот кривичен суд (МКС), со седиште во Хаг, издаде налог за апсење на рускиот претседател во средината на март оваа година, обвинувајќи го дека е одговорен за наводни воени злосторства извршени во Украина.
МКС во соопштението наведе дека Владимир Путин е наводно одговорен за военото злосторство за нелегална депортација на населението (децата) и незаконското преселување на населението од окупираните територии на Украина во Руската Федерација.