Коалицијата ВЛЕН денес ја обвини ДУИ дека му дозволила на градоначалникот на Липково да ги труе граѓаните со арсен.
„Коалицијата залепена со селотејп Таравари-Села-Ахмети, засрамена од поразот што ги очекува на 19 октомври, веќе се договори со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата на Апасиев. Ова е најголемото разоткривање по 20 години ветувања за интеграција, денес тие стануваат партнери со Левица само за парче власт.
Али Ахмети сè уште ѝ должи на јавноста одговори на јавните прашања: Зошто го толериравте градоначалникот на Липково да краде и да труе жители со арсен? Зошто продолжувате да ги заштитувате луѓето прогласени за „нон грата“ од САД за корупција? Кога беше вашата последна средба со кој било релевантен меѓународен фактор?
„Светот веќе знае кој е ДУИ. Само овие луѓе, со методите на оној што избега од правдата за корупција, мислат дека сè уште можат да ги измамат Албанците. Но, на 19 октомври, одговорот ќе биде јасен и заслужен“, обвинува ВАЛЕН.