ВЛЕН: За неколку дена, 111 работни места за Албанци во државните институции

Коалицијата ВЛЕН вели дека во земја каде што со децении Албанците биле третирани како граѓани од втор ред, тие ја менуваат оваа реалност, не со зборови, туку со конкретни и мерливи дејствија!

„111 Албанци беа нововработени во клучни државни институции за неколку дена, како резултат на нашите политики за фер и соодветна застапеност, кои не беа имплементирани во вистинска смисла повеќе од 20 години!“

Ова не е случајна статистика. Тоа е почеток на историска пресвртница, која донесе опиплива еднаквост и стави крај на институционалната дискриминација што остави илјадници квалификувани Албанци надвор од системот.

Ова се конкретните резултати во последните неколку дена: 35 вработени во Македонска пошта. 17 во Министерството за земјоделство. 27 во Фондот за здравство. 9 во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. 23 во Институтот за трансфузиона медицина.

Ова е претставувањето што го гарантира ВЛЕН. Покажуваме дека кога постои волја, се случуваат промени.
Ова се резултатите два дена. Продолжуваме со посветеност, транспарентност и меритократија, да ја направиме јавната администрација вистински одраз на општествениот состав“, велат од ВЛЕН.