ВМРО:ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот што го остави зад себе СДСМ по 7 години катастрофално управување, лоши економски политики и недостаток на мерки и проекти, се вели во соопштението од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ.

По 7 години во кои СДСМ ја уништуваше економијата и го намалуваше животниот стандард на граѓаните, од состојба на огромни загуби, економијата и трговијата во индустријата се стабилизираа. Показателите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата се стабилизирала во нулти граници. Имаме зголемување на трговијата во индустријата од 6%, зголемување на преработувачката индустрија од 6,6%. Зголемување на прометот во индустриската трговија на меѓународниот пазар, каде што имаме значително поголем раст отколку на домашниот пазар. Прометот во индустриската трговија со странство е околу 7,5 – 7,6 проценти. За краток период, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги стабилизира и буџетските приходи и значително да ја зголеми довербата на инвеститорите, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

Владата работи посветено со внимателно конструиран буџет, зголемени се платите во клучните сектори како што се здравството, образованието и полицијата, а се работи на конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста со цел подобрување на животот на граѓаните, додава ВМРО-ДПМНЕ.