ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на информацијата дека Вања Ѓорѓиевска е пронајдена мртва. Бараат итна оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој, според нив, наместо да се занимава со пронаоѓање на Вања, се занимавал со организација на самитот.

„Тој е срам за полицијата и не е во состојба да ги заштити граѓаните. Зошто полицијата молчи за случајот со исчезнатиот велешанец? Како полицијата Спасовски дозволи криминална група да шета сред Скопје и да киднапира и убива невини граѓани? Нема скандал што не се случил за време на неговиот мандат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.