Целосна реорганизација на министерствата најавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски вели дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на подобрување на образовните политики во секој сегмент. Градинките да се вратат под надлежност на Министерството за образование и раздвојување на секторите труд и социјална политика.
1% од БДП ќе се издвојува за наука. Покрај повеќе пари за инфраструктурни инвестиции, ќе се мотивира и наставниот кадар кој се занимава со наука со 50% поголеми плати. Претседателката на партиската комисија за образование најавува прилагодување и на наставните програми.
ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за секое дете да има учебник на 1-ви септември, иако Мицкоски вели дека власта во заминување намерно остава тотален хаос во образованието.
Сите овие проекти ќе бидат дел и од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а промовирани беа на денешната дебата во Куманово на тема „Нов концепт за развој на образованието“.