Фотографија на која се гледа разликата во месото од свињи одгледувани во различни услови стана хит на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции и коментари.
Доколку сте љубители на месо , фотографијата која се шири на социјалните мрежи сигурно ќе ве заинтригира. На него се прикажани две свињи одгледани на иста фарма, но во сосема различни услови за исхрана.
Едната свиња била хранета со природна исхрана, додека другата добила диета базирана на житарки, пченка и соја. Разликата во месото е очигледна, а реакциите на оваа слика не престануваат.
Both pigs were raised under identical free-range conditions. However, the one on the right was supplemented with a grain, corn, and soy-based feed, while the one on the left was allowed to forage naturally. This offers a glimpse into how grain, soy, and corn-based diets may… pic.twitter.com/HpNqe391KP
— Dr. Matthew M. Wielicki (@MatthewWielicki) January 11, 2025
Фотографијата на својот X профил ја сподели д-р Метју Вилицки, кој ја објасни разликата во исхраната на овие свињи.
– Двете свињи се одгледувани во идентични услови на слободно одгледување, но прасето од десната страна се хранело исклучиво со житарки, пченка и соја, додека свињата од левата страна имала природна исхрана. Оваа слика јасно покажува како различните видови храна можат да влијаат на квалитетот на месото – изјави д-р Вилицки.
Фотографијата предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Многу корисници истакнаа дека одгледувачите кои бараат профит сигурно нема да дозволат свињата да акумулира премногу маснотии, додека други се прашуваа дали свињите се од иста раса. Исто така, се појавија прашања дали на свињата од десната страна и е дозволено да се храни деноноќно.