Внимание/ Лошото време од Словенија ни доаѓа кај нас

Невремето што ја зафати Словенија и предизвика тотален хаос доаѓа и во Македонија, предупреди Агенцијата за хидрометеорологија.

По топлите денови, во текот на наредниот ден низ земјава ќе имаме пороен дожд и грмежи, особено попладне.

Ленче Ризова вели дека интензитетот на невремето во Македонија ќе биде послаб од оној во Словенија, но сепак апелира на внимателност.

„Овој фронтален систем се движи постепено и утре напладне го очекуваме кај нас. Веќе попладне, навечер и во текот на ноќта на места ќе има нестабилност. Ќе биде проследено со поинтензивни процеси во форма на невреме со поинтензивни врнежи од дожд и за шест часа ќе наврнат некаде над 20 литри на метар квадратен. Ќе има и силен ветер, електрични празнења“, рече Ленче Ризова.